Трет состанок на партнерите на проектот

Во периодот од 22- 24.02.2016 година во Македонија се одржа третата транснационална средба на која земаа учество сите седум партнери на проектот, од Македонија, Холандија, Шпанија и Исланд.
Состаноците се одржаа во Свети Николе, во Средното земјоделско училиште “Кочо Рацин“ кое е еден од македонските партнери на проектот, како и во Скопје во канцеларијата на Фондација Агро-Центар за едукација, која е координатор на проектот.
На овие средби беа презентирани досегашните резултати од проектот:
– Преглед на досегашните активности од проектот со посебен осврт на направеното истражување и заклучоците за состојбата на органското земјоделство и анализа на потребите од стручно образование и обука на полето на органското земјоделството во Македонија;
– Почетни активности за програма за унапредување на праксата на учениците во средните училишта, посебно професионалната пракса во текот на школската година;
– Нацрт верзија на програмата за кратки модуларни курсеви за возрасни;
– Предлози за развивање на два типа на прирачници- за обука на обучувачи и за училишна пракса;
– Креирање на веб страната на проектот.
– Дефинирање на агендата за презентација на досегашните резултати на среднорочен семинар.