Прв состанок на партнерите на проектот

Во рамките на проектот ГринПОП поддржан од Програмата Еразмус + на ЕУ, во Скопје, Македонија, се оддржа првиот состанок на сите седум партнери на проектот од Македонија, Холандија, Шпанија и Исланд.

Состанокот се одржа во периодот од 19-21.04.2015 година. Ова беше значајна средба на партнерите каде се дискутираше на теми:

  • Меѓусебно запознавање на партнерите заради непречена соработка,
  • Меѓусебно разбирање на целите и задачите на проектот и учеството на сите партнери во реализирањето на активностите,
  • Планирање на следните активности и координација,
  • -Утврдување на временска рамка на активностите за навремено спроведување во согласност со буџетот, финансиските и административните правила на програмата Еразмус +.

Воедно на 20.04.2015 се оддржа работилница со сите заинтересирани страни на тема: „Образовни можности и потреби во сферата на органското производство во Македонија“.

На работилницата покрај партнерите, учествуваа и претставници на Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасни, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, експерти од секторот органско производство, како и напредни фармери што се занимаваат со органско производство и претставници на нивни асоцијации.