Новости



Краткорочен настан за обука на обучувачи

Posted by on мај 23, 2016 in Новости | Comments Off on Краткорочен настан за обука на обучувачи

Краткорочен настан за обука на обучувачи

Од 07 до 14 Мај 2016 година во Ваљадолид, Шпанија се одржа обука на обучувачи наменета за сите партнери во ГринПОП проектот. Дванаесет претставници од средните земјоделски училишта “Браќа Миладиновци“ од Скопје и “Кочо Рацин“ од Свети Николе, Балкан Биоцерт од Скопје и Фондацијата АЦЕ беа обучувани за методологии и техники за успешно имплементирање на обуки во органското земјоделско производство. Даватели на обуката беа претставниците од четирите партнерски организации,  ИФСАТ од Холандија, ИНЕА од Шпанија и ВМА од Исланд. Домаќин на настанот...

Повеќе

Трет состанок на партнерите на проектот

Posted by on мар 21, 2016 in Новости | Comments Off on Трет состанок на партнерите на проектот

Трет состанок на партнерите на проектот

Во периодот од 22- 24.02.2016 година во Македонија се одржа третата транснационална средба на која земаа учество сите седум партнери на проектот, од Македонија, Холандија, Шпанија и Исланд. Состаноците се одржаа во Свети Николе, во Средното земјоделско училиште “Кочо Рацин“ кое е еден од македонските партнери на проектот, како и во Скопје во канцеларијата на Фондација Агро-Центар за едукација, која е координатор на проектот. На овие средби беа презентирани досегашните резултати од проектот: – Преглед на досегашните активности од...

Повеќе

Втор состанок на партнерите на проектот

Posted by on ное 25, 2015 in Новости | Comments Off on Втор состанок на партнерите на проектот

Втор состанок на партнерите на проектот

Од 20 до 24. 10. 2015 во Исланд се одржа вториот состанок на партнерите во рамките на проектот ГринПОП поддржан од Програмата Еразмус + на ЕУ. Домаќин на средбата беше ВМА Партнерската организација на проектот од Исланд. На средбата присуствуваа сите 7 партнери во проектот. Состанокот се одржа во Земјоделскиот Колеџ во местото во Рејкир (Хверегарди) на 50 километри од Рејкјавик. Љубезните домаќини направија се за да се чувствуваме пријатно во Исланд, а воедно и да се информираме за работата на Колеџот и за нивниот систем на образование. Ова...

Повеќе

Прв состанок на партнерите на проектот

Posted by on јун 5, 2015 in Новости | Comments Off on Прв состанок на партнерите на проектот

Прв состанок на партнерите на проектот

Во рамките на проектот ГринПОП поддржан од Програмата Еразмус + на ЕУ, во Скопје, Македонија, се оддржа првиот состанок на сите седум партнери на проектот од Македонија, Холандија, Шпанија и Исланд. Состанокот се одржа во периодот од 19-21.04.2015 година. Ова беше значајна средба на партнерите каде се дискутираше на теми: Меѓусебно запознавање на партнерите заради непречена соработка, Меѓусебно разбирање на целите и задачите на проектот и учеството на сите партнери во реализирањето на активностите, Планирање на следните активности и...

Повеќе