Краткорочен настан за обука на обучувачи

Од 07 до 14 Мај 2016 година во Ваљадолид, Шпанија се одржа обука на обучувачи наменета за сите партнери во ГринПОП проектот. Дванаесет претставници од средните земјоделски училишта “Браќа Миладиновци“ од Скопје и “Кочо Рацин“ од Свети Николе, Балкан Биоцерт од Скопје и Фондацијата АЦЕ беа обучувани за методологии и техники за успешно имплементирање на обуки во органското земјоделско производство. Даватели на обуката беа претставниците од четирите партнерски организации,  ИФСАТ од Холандија, ИНЕА од Шпанија и ВМА од Исланд.

Домаќин на настанот беше партнерската организација ИНЕА – Институт за аграрно претприемништво Неварес. ИНЕА е институција со педесет годишно искуство од областа на земјоделството, заштита на животна средина, рурален развој, економија и управување со квалитет од Ваљадолид, Шпанија.

Програмата на обуката е прилагодена за развој на капацитетите на обучуваните лица од партнерските организации кои ќе испорачуваат обуки, користејќи ја методологијата за обука на обучувачи и моделот на работно менторство. Обуката ги опфаќа следните методологии:

  1. Педагошки вештини кои обезбедуваат вклученост на слушателите и нивно учество во текот на обуката;
  2. Запознавање со три-партитна соработка во областа на стручното образование и обука, помеѓу давателот на обуката, обучуваното лице и работодавачот;
  3. Вештини со кои ќе се овозможи на учесниците да го споделат своето знаење со останатите учесници на обуката;
  4. Запознавање со техниката на менторство за унапредување на практиките на работното место и за обучуваното лице и за работодавачот;
  5. Вовед во Е-учење / онлајн обука.