Втор состанок на партнерите на проектот

Од 20 до 24. 10. 2015 во Исланд се одржа вториот состанок на партнерите во рамките на проектот ГринПОП поддржан од Програмата Еразмус + на ЕУ. Домаќин на средбата беше ВМА Партнерската организација на проектот од Исланд.

На средбата присуствуваа сите 7 партнери во проектот. Состанокот се одржа во Земјоделскиот Колеџ во местото во Рејкир (Хверегарди) на 50 километри од Рејкјавик. Љубезните домаќини направија се за да се чувствуваме пријатно во Исланд, а воедно и да се информираме за работата на Колеџот и за нивниот систем на образование.

Ова беше значајна средба на партнерите каде се дискутираше на следните теми:

  • Досегашните активности и резултати од проектот, со акцент на истражувањето направено и искористувањето на резултатите на истражувањето во креирањето на програмите за обука на возрасни и унапредување на практичната работа на учениците во средните училишта опфатени со проектот.
  • Дефинирање на програмата за кратки курсеви за возрасни и предлог за унапредување на практичната работа на учениците од стручните училишта.
  • Подготовка и дефинирање на прирачниците потребни за имплементација на целите на проектот.
  • Креирање на профилот на потенцијалните обучувачи (Како подготовка на Обука на обучувачите).
  • Планирање на идните настани (Среднорочен настан во Скопје и обука на обучувачи во Ваљадолид – Шпанија).
  • Административни и финансиски прашања.