„Потребите на кои се повикуваме во нашиот проект наречен ГринПОП (Зелена Програма за Органско Производство) се дефинирани во политиките на ЕУ за зголемената свесност на европските потрошувачи за значењето на органското производство. Овој тренд на континуирана побарувачка на органските производи може да има позитивно влијание на вработувањето на луѓето кои обуките ги сметаат за витален фактор во нивното професионално напредување, промовирајќи притоа квалитет во сферата на климатските промени, биодиверзитетот, заштита на почвата и водата, безбедноста на храната, но и руралниот развој во целина.”
За проектот

Пазарот на органските земјоделски производи е еден од најбрзо растечките сегменти на европскиот пазар на земјоделски производи, дури и во време на криза. Заради зголемената свест, заштитата на човековата окoлина и здравјето на европските потрошувачи, овој тренд и натаму продолжува во иднина.


Повеќе
Партнери

Партнерите во овој проект се избрани за:

а) да обезбедат различно искуство и локации, каде што различните пристапи ќе бидат истражувани и тестирани, имајки ги во предвид различните културолошки и методолошки пристапи;


Повеќе
Резултати

Во периодот на траење на овој проект (2014-2017) очекувани се следниве резултати:

1. Истражување (извештај) – подготвен еден сеопфатен документ кој ќе содржи податоци за органското производство и образованието во Македонија, како и проценка за потребите за обука.
Отвори O1-A1 Survey report FIN

2. Развиен курикулум (програма) за доживотно учење за модуларни курсеви од областа на органското производство.
Отвори O2-A1 Vet students program for practice FIN
Отвори O2-A2 Short Courses Modular Training Program FIN

3. Развиена и имплементирана програма за обучувачи и работни ментори. 2 типа на кратки обуки (образовни активности) ќе бидат имплементирани во текот на проектот:

А) Обука за обучувачи
Отвори O2-A6 ToT Training and report ENG FIN
Отвори O3-A2 Training Manual for entrepreneurs FIN
Отвори C1 REPORT GreenPOP_TOT Valladolid May 2016 FIN

Б) Обука на ментори (одбрани напредни фармери/фирми)
Отвори O2-A7 Training for workmentors MK FIN
Отвори O3-A1 Training Manual for VET Students’ practice MK FIN

4. Пилотирање на програмата. Развиениот курикулум ќе биде тестиран на двете целни групи:

– Тестирање на моделот за ученици од средните училишта преку практиканство во работна средина (на органска фарма).
Отвори O2-A3 Piloting report VET Students МК FIN

– Тестирање на кратките курсеви за постоечки и идни органски фармери преку имплементација на модули пред валидизација и акредитација на програмата.
Отвори O2-A4 Piloting report SHORT COURSES MK FIN

5. Дисеминација на резултатите. Активности кои водат до презентирање на ГринПОП моделот до потенцијалните корисници во Македонија, но и да се поттикне интересот и кај други ЕУ/Еразмус земји.
Отвори E1-B1 REPORT GreenPOP_Mid-Term Seminar February 2016 FIN

6. Состаноци на партнерите. Предвидени се 7 состаноци во целиот период на траење на проектот.


Повеќе